Работнички чекаше пет натпревари да дојде до првиот триумф, и до него стигна на убедлив начин. Го совладаа Пелистер со 3-0, кој второ коло по ред претрпува тежок пораз, после онаа бламажа од 0-4 на домашен терен од Арсими. „Романтичарите“ требаше да дојдат до услугите на Димитар Трајков, за да се „разбуди“, а самиот играч придонесе со еден гол и асистенција, а Флоријан Кадриу постигна два гола.
„Романтичарите“ до предност дојдоа во 31. минута од средбата. Долга топка до Кадриу кој избегна офсајд, излезе сам пред Јовчевски и рутинирано го совлада.
На вториот гол се чекаше 12. минути. Пелистерци како да не ја научија лекцијата, па речиси од идентична акција, овојпат Трајков успеа да ја забие топката во мрежата за дуплирање на предноста.
Во 75. минута и трет гол во мрежата на Јовчевски. Трајков проби по лево, асистираше до Кадриу, а овој успеа да го совлада повторно голманот на Пелистер за убедливо водство, и на крај убедлив триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




















