Кошаркарите на Работнички стигнаа до првата победа во новата сезона откако вечерва на мечот во СРЦ „Кале“ славеа против Феникс со 90-85 во 1. коло. Домаќините почнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа предност од 14 поени (33-19).
Сепак, гостите заиграа далеку подобро во вториот период во кој возвратија на ист начин па на пауза се замина со предност од 41-56. „Центарци“ на стартот на второто полувреме повторно заиграа далеку подобро па по триесет минути игра имаа негатива од само два поени 66-68.
За разлика од првиот дел, во второто полувреме Работнички не дозволи голем пад во играта, па до крајот успеа да стигне до целосен пресврт и да слави со 90-85. Стојан Ѓуровски со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 37 поени на Девон Грент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА