Можеби не успеа да го совлада во првенството, но Работнички го победи Шкупи во пријателски натпревар одигран денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со 5-2.
Работнички прв поведе во седмата минута, додека во 28-та Шкупи успеа да израмни. Пред крајот на полувремето одново водеше Работнички и со предност замина на пауза. Брзо „романтичарите“ стигнаа и до 5-1, а на крајот во 90. минута Шкупи само намали.
Два гола за Работнички постигна Бошнаков, и по еден Манојлов, Шаини и Подграѓа. Погодоците за Шкупи беа дело на Шуку и Адили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

