Македонскиот прволигаш Работнички денеска го одигра последниот тест натпревар во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Првата лига и ремизираше без голови против второлигашот Беласица. На вештачкото игралиште во Ѓорче Петров, двете екипи одиграа допадливо, но, сепак, недостигаа погодоци за комплетен впечаток.
Тренерот на „романтичарите“, Горан Станковски, има уште седум дена за глазура на формата на својот тим, а Беласица по подготовките во Дојран се враќа во Струмица и ќе продолжи да се подготвува за пролетните искушенија во второлигашка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА