Првото вечно дерби сезонава наместо празник за кошарката донесе голем срам за мак-баскетот откако главната улога не ја имаа актерите на теренот, туку двете навивачки групи на Работнички и МЗТ Скопје кои направија инцидент па беа испратени надвор од салата со полициска придружба.
А, само неколку денови по дербито двата најтрофејни македонски кошаркарски колективи ги добија и казните за нередите на нивните најверни. Работнички и МЗТ Скопје ќе играат без публика во следните два, односно еден натпревар поради „слаба организација и допуштање внес на пиротехнички материјал кој можел да ги повреди актерите“.
Покрај тоа куќата на македонската кошарка им изрече и парични казни на вечните ривали. Работнички ќе плати 68 илјади денари, додека МЗТ Скопје 64 илјади денари што самото по себе е голем товар поготово во моментите кога клубовите мака мачат со финансии без ваучерот од државата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА