Работнички и Победа во „жестока битка“ за Европа и опстанок… Кој ќе преживее!?

Работнички и Победа во 33. коло од ПМФЛ, денеска од 16:30 часот, ги очекува една од клучните битки во финишот од сезоната, повеќе од значајна за двете страни, во борбата за европски излез односно опстанок.

„Романтичарите“ по претходниот пораз од Шкендија сега ќе се обидат со трите бода да направат значаен чекор во трката дури и за третото место на табелата…

„Не очекува многу важен натпревар против Победа. Нашата цел е јасна, сакаме да оствариме излез во Европа и сите во клубот сме максимално фокусирани на тоа. Токму затоа повеќе од непходни се бодовите од овој меч“ вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.

Но, задржување на третото место сака и Силекс кој во Кратово ја пречекува Шкендија за која натпреварот нема никакво резултатско значење.

Победа има само еден бод предност во однос на конкурентите за опстанок, Пелистер и Скопје. Пелистер ќе се соочи со Академија Пандев во Битола, а Скопје ќе мора да го победи Шкупи доколку сака во финишот да влезе со сериозни шанси за избегнување на двете последни позиции на табелата.

ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: СКОПЈЕ – ШКУПИ

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...