Работнички и Шкендија, овојпат во битка за бодови во Ѓорче

Шкендија „киксна“ дома против Победа во минатото коло, а Работнички се уште нема остварено триумф во новиот шампионат. Пред неколку дена се пресметаа во рамките на осминафиналето на Купот на Македонија, а денеска (15.30 часот) ќе водат битка за првенствени бодови. Фокусот и на двете екипи е да остварат позитивен резултат.

„Одиме на победа“, порачуваат од таборот на Работнички.

Но, и Шкендија сака три бода. Тоа го истакнува поранешниот член на „романтичарите“, кој веќе неколку години го носи дресот на Шкендија, Благоја Тодоровски.

„Не смееме да си дозволиме уште една слаба игра како против Победа. Работнички е квалитетен тим, но верувам дека имаме сили да стигнеме до бодовите. Ќе биде неизвесен меч, но очекувам да одиграме максимално ефективно и да ја исполниме нашата цел“, вели Баже Тодоровски.

Интересно ќе биде и во Прилеп, каде Победа осоколена по ремито со Шкендија, ќе го пречека новиот прволигаш Академија Пандев.

Првакот Вардар има релативно лесно гостување на „Железарница“ против ФК Скопје, но „пиратите“ покажаа дека можат да бидат незгоден ривал, откако му ’украдоа’ бод на Пелистер во Битола.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Ѓорче Петров: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Автокоманда: СКОПЈЕ – ВАРДАР

Прилеп: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 1-0 (0-0)

Се вчитува...