Натпреварот од осминафиналето од Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкендија, закажан за во среда од 15:30 часот, ќе се одигра на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Ваквата одлука е донесена поради зафатеност на националната арена „Филип втори“ и претстојниот меч од Лигата на Европа меѓу Вардар и Зенит од Русија.
Реванш натпреварот од осминафиналето меѓу двата тима ќе се игра во Тетово на 18. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА