Работнички и Силекс во среда, на комплексот на ФФМ, ќе ја тестираат македонската ВАР-технологија!

Фудбалската федерација на Македонија веќе ги комплетира сите активности околу финалната имплементацијата на ВАР-технологијата и во Македонија со стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Па, Работнички и Силекс, кои се подготвуваат за настапите во Конференциската лига на УЕФА ова лето, веќе во среда (2. јули) ќе играат пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошвски“, на комплексот на ФФМ, кој судиски ќе биде „контролиран“ и од ВАР-технологија.

Тоа ќе биде прв тест и на начинот на имплементацијата на ВАР-технологијата во Македонија во новата сезона.

Како што е познато, изминативе денови гостин на ФФМ во Скопје беше и ВАР-инструктурот на ФИФА, Далибор Ѓуриќ, кој истакна дека Македонија ќе ја има една од најмодерните ВАР-соби во Европа, нагласувајќи дека ФФМ создава услови за натпреварите, од овој аспект, какви што немаат и голем број далеку поразвиени фудбалски земји.

Се вчитува...