Работнички и Тиквеш ќе одиграат меморијален меч во спомен на Андреј Лазаров

На 29 март во 13 часот, Работнички ќе одигра пријателски меч против ГФК Тиквеш, во чест на трагично починатиот фудбалер Андреј Лазаров.

Лазаров беше дел од двата клуба, а трагично го загуби животот во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16. март 2025 година. Имаше 25 години.

Лазаров покрај Тиквеш и Работнички, играше и во Рудеш, Горица и Шкупи, а беше дел и од младите категории на Металург.

Се вчитува...