Тинекс Пролет триумфално ја стартуваше серијата контролни натпревари во пресрет на клучниот дел од сезоната откако вечерва рутински и убедливо триумфираше над Работнички со 34-26. Екипата на Работнички беше засилена со македонскиот репрезентативец Мишевски, како и со уште тројца „вардарци“ на кои не се смета во првиот тим (Атанасовски, Гашовски и Карапалевски), но и покрај тоа Тинекс Пролет со квалитетно издание во нападот стигна до рутинска победа.
Работнички парираше само во првото полувреме, кое заврши со минимална предност на Пролет од 13-12. Вториот дел мина во апсолутна доминација на избраниците на Матлиески, кои ја зголемуваа предноста во однос на ривалот се до конечните „плус осум“.
Потиќ, кој минатиот месец потпиша за Тинекс Пролет од редовите на Металург, денеска го имаше своето деби за новиот клуб. Тренерот Матлиески за денешниот меч поради ситна повреда не можеше да смета на Џонов, кој би требало да се врати во тимот за следниот контролен натпревар, што ќе го играме в среда со КЛ7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА