Работнички е едноставно непобедлив. Го дознаа тоа вечерва и кошаркарите на Гостивар, кои доживеаја убедлив пораз во салата „Градски парк“ во Скопје. Силата на центарци е во цврстата одбрана, а кога „доктор Марин“ ќе нареди сериозна игра, тогаш „ниту пиле не прелетува“.
Гостивар постигна само 49 поени за 40 минути игра, и немаше што да бара на овој меч. Се беше јасно по првиот период, кога Работнички поведе со 20-7…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА