Одбојкарките на Работнички стартуваат со одбрана на титулата во финалето против Јанта Волеј

Одбојкарките на Работнички и Јанта Волеј денеска од 18 часот во салата „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје, на теренот на лидерот по регуларниот дел, Јанта Волеј, ја стартуваат финалната серија во битката за титула.

Работнички тргнува по одбрана на трофејот од минатата сезона, иако се свесни дека ќе имаат повеќе од тешка задача против „лутиот“ ривал.

Јанта Волеј сезонава од пет меѓусебни дуели со Работнички води со 3-2, но тимот од Градски парк се надева дека ќе успее уште денеска, во првата средба од финалето, да дојде до „брејк“ кој ќе го олесни патот до одбрана на трофејот.

Се вчитува...