По лошиот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Работнички се одлучи да ја прекине соработката со шефот на стручниот штаб, Бојан Марковски.
„ФК Работнички ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Маркоски. Клубот му посакува се најдобро во следните предизвици“ – се вели во кратката информација од таборот на „романтичарите“ за разделбата со Марковски.
Работнички сезоната ја почна со два порази и едно реми, без ниту еден постигнат гол во домашниот шампионат, а уште во првото квалификациско коло испадна и од натпреварите во Конференциската лига на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

