Работнички ја заврши соработката со Томче Гроздановски

Работнички ја заврши соработката со фудбалерот за врска Томче Гроздановски.

Од клубот информираат дека спогодбено е прекинат договорот со 24-годишниот фудбалер за врска кој во Работнички беше од јули минатата година.

Претходно во неговата кариера, Гроздановски играше и за Злате Моравче во Словачка, Дугопоље во Хрватска како и Металург и Кожуф во Македонија.

Се вчитува...