Работнички ќе го предизвика Металург во финалето во четвртфиналната група A од Купот на Македонија, откако славеше над Голден Арт КЛ 7 со 33-31. Работнички во првото полувреме ја направија клучната разлика откако по 30 минути игра имаа предност од 16-10.
Во вториот дел младите момци на Голден Арт КЛ 7 успеаја на 30 секунди до крајот да дојдат и на минус еден 32-31, но не успеаја да направат дополнителен чекор како целосно би се вратиле во мечот, што на крајот резултираше со триумф на Работнички од 33-31. Тоше Ончев со осум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените исти број погодоци постигна Игор Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА