Работнички ќе ја пречека Брера на „Борис Трајковски“

Работнички во 17.коло од Првата фудбалска лига ќе го пречека тимот на Брера. Клубот од Дебар Маало донесе одлука да биде домаќин на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Натпреварот е закажан за в недела, со почеток во 13 часот и е последен натпревар за Работнички како домаќин оваа полусезона.

Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Ставрев.

Стадионот „Борис Трајковски“ беше во катастрофална состојба во изминатите денови поради големите врнежи од дожд, но сега условите се подобрија и се враќа фудбалот на него. Во меѓувреме Работнички дуелот против Гостивар го одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Се вчитува...