Раководството на Работнички ќе треба да плати околу 2.000 евра за инцидентите што се случија за време на вечното дерби со Работнички, кое беше прекинато и мораше да биде доиграно следниот ден. Официјалните висини на казните ќе бидат обелоденети во новиот билтен од Комесарот за натпреварување што се очекува за неколку дена, но ЕКИПА дознава дека во случајот на Работнички сумата ќе изнесува околу 120.000 денари.
Најтрофејниот македонски клуб ќе биде казнет по неколку различни точки, од неспортско навивање, до фрлање на предмети, плукање на навивачите, слаба организација… што севкупно се собира во една значителна сума. Сепак, клучна за Работнички ќе биде одлуката поврзана со салата за одигрување на наредните домашни натпревари. Повеќе од јасно е дека најмалку два натпревари „Градски парк“ ќе биде празен, но во Работнички се надеваат дека сепак ќе можат да ја довршат сезоната во својот кошаркарски дом. Ставот на МКФ е дека нездравата спортска атмосфера што се создаде на последното дерби покажа дека во „Градски парк“ не би требало да се играат натпревари во битката за титула, но останува да се види конечната одлука, која ќе биде обелоденета најдоцна до петок.
Казна, и тоа висока ќе заработи МЗТ Скопје, чија управата ќе плати над 60.000 денари за неколку престапи, од плукање, втрчување на навивач на терен, неспортско навивање…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА