Аболаџи Јуниое Екеолере Гива, би можел да биде најновата аквизиција во нападот на Работнички. Фудбалерот кој во моментов настапува во турскиот аматерски клуб Ѓузелхисарспор од Истанбул, ќе мине двонеделна проба во таборот на „романтичарите“, а потоа ќе се носи одлука за негов ангажман.
Гива е младински репрезентативец на Нигерија. Во јануари оваа година настапуваше за селекцијата до 20 години на неговата земја на Африканскиот Куп.
Оваа сезона во дресот на Ѓузелхисарспор постигна 29 голови од 30 натпревари. Според писмото од Работнички, тој треба денеска да почне со пробниот период во таборот на „романтичарите“.
Работнички е во „погон“ од средата. Екипата ќе одигра и неколку пријателски мечеви, на кои ќе биде тестиран и Гивa, а потоа ќе се одлучува за негов евентуален ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА