Работнички ја продолжи триумфалната серија во Првата лига откако „центарци“ вечерва лесно и убедливо го совладаа тимот на Вардар со резултат 101-58. Избраниците на Горан Самарџиев осоколени по дерби-триумфот над МЗТ не дозволија денеска победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање, потврдувајќи ја разликата во квалитет и со максимален ангажман на теренот.
Победникот практично беше решен уште во првата четвртина, што Работнички ја одигра фуриозно добивајќи ја со 28-9 откако „центарци“ мечот го отворија со серија од 12-0. Предноста растеше од минута во минута, па така на одмор се замина со уште поубедливи 55-27. Доминацијата на „црвено-белите“ не престана без оглед на убедливото водство, па така избраниците на Самарџиев на крајот од третиот период имаа „плус 34“ (80-46), за да крајот позитивата на Работнички да се искачи на уште поимпресивни „плус 43“.
Трајс беше прв стрелец на победничкиот тим со 18 поени, по 13 постигнаа Декоси и Џелетовиќ, додека по 11 поени реализираа Стајиќ, Бакоч и Ефремовски. Кај Вардар двоцифрен ефект имаа Бајрам со 12 и Митков со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА