Работнички му даде 120 поени на Шкупи за рутинска победа од +43

Без апсолутно никакви проблеми кошаркарите на Работнички стигнаа до убедлив триумф од 77-120 во натпреварот од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

По синоќешната победа на домашен терен против Блокотехна, во период од 18 часот тимот од „Градски парк“ одигра два натпревари во шампионатот но овој денешниот само еден полесен тренинг против однапред отпишаниот Шкупи.

Најефикасни во победничкиот тим беа Ефремовски со 23 поени, како и Јанески и Стајиќ со по 18 постигнати поени. Караџовски натпреварот го заврши со 14 поени, а вкупно десет гостински кошаркари се запишаа во листата на стрелците. Во домашниот состав се издвои Хот со 22 постигнати поени.

Работнички со оваа победа повторно се врати на врвот од табелата сега со 16 победи и само два порази од 18 меча. На второто место е МЗТ Скопје со 15 победи и три порази, а Блокотехна е трета со 14 победи и четири порази.

Се вчитува...