Два натпревари, еден бод. Недоволно за желбите и амбициите на Работнички, кој минатата сезона ја заврши на третата позиција и обезбеди излез во Европа. По ремито без голови во Кавадарци со Тиквеш, тимот на Бојан Маркоски беше непријатно изненаден од Башкими на Националната Арена „Тодор Проески“ каде забележа пораз од 0:-2. Лекција што брзо мораа да ја научат фудбалерите на Работнички, затоа што во првиот меч од третата рунда во Прват МФЛ ги очекува ново големо искушение, гостувањето во Струга.
Тренерот Бојан Маркоски се надева на многу подобро издание на својот тим.
„Не бевме на потребното ниво против Башкими. Создадовме шанси, но не ги реализиравме, а противникот искористи два моменти на невнимание во нашата одбрана. Ги анализиравме грешките, ќе се обидеме да не ги повториме и се надеваме на многу подобар натпревар против Струга ТЛ. Противникот е еден од најквалитетните тимови во лигата, но Работнички мора да го покаже својот потенцијал и квалитетот, што уверен сум дека го поседуваме, токму на вакви дуели. Одиме да се надигруваме и се надеваме на позитивен исход“, изјави Бојан Маркоски.
ФК СТРУГА ТЛ – ФК РАБОТНИЧКИ
Градски стадион во Струга. Петок, 22.08.2025. Почеток: 17 часот.
Делегат: Марјан Пишмановски
Судија: Кирил Смоквоски
1. помошен судија: Владимир Митревски
2. помошен судија: Николче Дрнковски
Четврт судија: Фатмир Бафто
ВАР: Никола Костенчев
АВАР: Мартин Дејаноски
Контролор: Љубе Ристевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

