Поради лошите временски услови ширум државата, денеска ќе се одиграат само три натпревари од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Гоце Седлоски своето деби на клупата на Работнички ќе го има со домашен меч против Гостивар. Тиквеш во дербито на истокот ќе ја пречека АП Брера, додека програмата ја затвораат Шкупи и Македонија Ѓорче Петров на Чаир.
Поради лошите временски услови одложени се мечевите Струга ТЛ – Воска Спорт и Силекс – Вардар. Вчера во првиот меч од 15. рунда Брегалница и Шкендија одиграа без победник 2-2.
ПМФЛ – 15. КОЛО
ВЧЕРА (13 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
Велковски 54′, Ѓорѓиев 87′ – Елези 22′, Аганспахиќ 68′
ДЕНЕСКА (13 ч.)
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА
ОДЛОЖЕНИ
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

