Работнички не смета на шест фудбалери за идната сезона

Екипата на Работнички пред неколку дена се засили со голманот Васко Василев, а од Дебар Маало ќе си заминат најмалку шест играчи во летниот преоден рок. Тимот доби и нов стручен штаб во името на Бојан Маркоски, кој доаѓа на местото на Горан Станиќ кој го презеде кормилото на младата репрезентација на Македонија.

Според информациите на „ЕКИПА“, за идната сезона „романтичарите“ нема да сметаат на Анес Рушевиќ, Марселин Гандо Биала, Рашид, Валон Ахмеди, Медин Бајрами и голманот Игор Алексовски.

На сите шестмина им истекоа договорите, и нема да бидат продолжени, а „романтичарите“ ќе ангажираат нови имиња, но и ќе се потпрат на младинскиот погон од каде неколку фудбалери ќе бидат прекомандувани во првиот тим.

Се вчитува...