Работнички не запира – потпис и со Македонецот Вашингтон

Работнички дефинитивно создава тим за шампионска титула откако во „центарци“ го комплетираат и третиот трансфер во последните 24 часа од преодниот рок.

Станува збор за огромно засилување за плејмејкерската позиција, каде конкуренцијата уште повеќе ќе се засили со ангажманот на Дарис Вашингтон. Американецот дури и ќе настапува како домашен играч, бидејќи со години наназад поседува и македонски пасош. Вашингтон поседува сериозно кошаркарско реноме, со оглед на фактот дека низ кариерата настапуваше за ПАОК, Галатасарај, Лотоматика Рома, Турк Телеком, Хапоел Елијат.

Останува само дилемата колку е физички подготвен новиот кошаркар на Работнички, кој последниот ангажман го имаше во грчкиот второлигаш Ираклис.

За потсетување, Работнички во текот на вчерашниот ден ги комплетираше и трансферите на Американецот Ксавиер Џонсон и на бекот на Охрид, Стефан Младеновиќ.

Се вчитува...