Koшаркарскиот клуб Работнички почна да ја составува екипата за следната сезона. Нов кошаркар на центарци ќе биде 25-годишниот Михајло Јовичиќ.
Тој кариерата ја започна во Реал Мадрид, а потоа играше и во српска Мега. Низ кариерата, Јовичиќ беше дел од ОКК Белград, Подгорица, Раднички и Каледонија Гладијаторс од Шкотска. Се работи за јуниорски шампион во АБА-лигата во 2018 година, како и МВП во второлигашкиот шампионат на Србија.
Работнички покрај што ќе игра на домашната сцена, во новата сезона ќе биде дел и од АБА2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА