Работнички – „од бездната до тронот“ за само седум минути (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички дојде до триумф против Борец од 2-1 во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига на домашен терен, и покрај тоа што во 83. минута имаше негатива и од 0-1.

Но, Фахрудин Ѓурѓевиќ е херојот за Работнички со два гола, во 84. минута и потоа во првата минута од судиското продолжение, носејќи ги „романтичарите“ до повеќе од посакувани три бода против велешани.

 

Се вчитува...