Репрезентативната пауза Работнички ја искористи да одигра пријателски натпревар со српскиот суперлигаш Нови Пазар со гостување во Србија.
Натпреварот заврши без голови 0-0. Воедно, ова беше деби на новиот тренер Алпарслан Ердем на клупата на „романтичарите“ кој пристигна неодамна и го замени Бојан Маркоски.
На овој меч свое деби имаше и новото засилување Демир Имери кој дојде од Шкупи.
„Романтичарите“ немаат одиграно натпревар веќе две недели, со оглед дека нивниот против Шкендија во рамките од 4. коло во ПМФЛ беше откажан поради настапите на тетовскиот тим во плеј-офот во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

