На теренот на Алумина во Скопје, денеска пријателски натпревар одиграа Работнички и второлигашот Кожув. Истиот заврши без победник 1-1.
„Романтичарите“ со тоа со реми го очекуваат почетокот на пролетниот дел од сезоната. Гандо Биала беше стрелец за „романтичарите“ во 49. минута и така го израмни резултатот, откако претходно Стојанов донесе предност за гевгеличани уште во 8. минута.
Работнички втората полусезона ја почнува до гостување на Чаир против екипата на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА