Македонскиот прволигаш Работнички официјализираше две нови засилувања за предизвиците во вториот дел од сезоната во имињата на Ардит Дестани и Никола Пејовиќ.
Дестанни во „романтичарските“ редови пристигнува од Шкупи со кој одигра 16 натпревари оваа сезона. Покрај за скопскиот тим во минатото настапуваше и за Валдуз и Парадизо.
Пејовиќ кој ги покрива позициите позициите стопер и десен бек пристигнува од Бања Лука. Во минатото настапуваше и за Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе и Земун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

