Работнички ја продолжи својата доминација на домашната кошаркарска сцена откако во рамките од 17. коло ја забележа и својата 17. победа, овојпат на гостувањето против второпласираниот тим на Блокотехна со резултат . Цврстата одбрана на „црвено-белите“ повторно беше рецептот за успех на Марин Докузовски, откако извонедниот офанзивен тим на Блокотехна беше задржан на 67 поени. Блокотехна покажа карактер и се врати од двоцифрена негатива, но домаќините немаа сили за целосен финиш, иако имаа и напад за победа во последната минута.
Работнички од самиот почеток ја користеше предноста на височина и реализираше од рекетот, но Блокотехна исто така делуваше разиграно во нападот. Младеновиќ со неколку атрактивни асистенции ги крена на нозе навивачите во салата во Гевгелија, па домаќините по седум минути игра веќе имаа постигнато 18 поени (18-14). Работнички потоа ја среди одбраната, па избраниците на Марјан Илиевски многу потешко го наоѓаа патот до кошот. Со тројката на Мираковски гостите од Скопје ја добија првата четвртина со 18-19.
Стартот на второто полувреме донесе добра игра во одбраната на двете страни, а Блокотехна прва влезе во серија, откако домаќините со тројката на Главчев поведоа со 25-23. Следеше тајмаут на Докузовски по кој Работнички повторно ја консолидираше одбраната. Во ритам во нападот влезе и Кире Николовски кој погоди две тројки во серија, па гостите првпат посериозно се одлепија. Стојан Ѓуроски погоди тројка со звукот на сирената при последниот напад на Блокотехна, но веднаш потоа на спротивнат страна реализираше и Чавдар Костов, па на одмор се замина со резултат 32-40.
Николовски продолжи да погодува и во тетиот период, па Работнички за првпат стигна и до двоцифрена предност (34-45). Блокотехна уште еднаш покажа карактер и успеа да се врати, намалувајќи на 44-48, по што Докузовски побара тајмаут. И веднаш по минутата одмор работите во свои раце ги презеде Мираковски, погодувајќи две тројки во серија за Работнички повторно да дојде до „плус десет“ (44-54). Во последните десет минути се влезе со водство на гостите од 52-59, за „црвено-белите“ во 33. Минута со новата тројка на Николовски да стигнат до 53-65, по што Марјан Илиевски побара тајмаут.
Блокотехна се обидуваше да се врати, а успеа да се приближи само по личната и техничката грешка на Николиќ, по што резултатот стигна до 58-65. Пред крајот страстите се вжештија откако домашниот тим со тројката на Смит дојдоа на само четири поени (63-67) на 99 секунди до крајот. Докузовски зеде тајмаут, но веќе во следниот напад Гинјард ја загуби топката, а Бенџамин тргна на влез, погоди и воедно изнуди прекршок од Бојан Крстевски. Американецот на Блокотехна не го искористи слободното фрлање, па на спротивната страна беше направена лична грешка врз Чековски, но и ветеранот беше еднаш прецизен од двата обиди.
Блокотехна промаши две тројки што можеа да донесат израмнување, но потоа Мијатовиќ од линијата за слободни фрлања намали на 67-68 на 32 секунди до крајот. Следеше почетничка грешка на Мираковски, кој при изведување од сопсвениот кош ја фрли топката во аут, па Блокотехна доби напад за победа. Одговорноста ја презеде Американецот Смит, но се посрамоти и направи чекори, па Работнички имаше „плус еден“ (67-68) и напад на 24 секунди до крајот. Стартот на Бенџамин над Чековски судиите го окарактеризираа како намерна лична грешка, тој беше само еднаш прецизен исто како и Гинјард неколку секунди подоцна, па Илиевски побара тајмаут при водство на гостите од 67-70, на 13 секунди до крајот. Бенџамин се обиде за тројка и промаши, а згора на тоа доби и техничка грешка од судијата Феревски поради наводен „флопинг“, па Работнички го доби натпреварот со конечни 63-67.
Кире Николовски беше во главна улога со дабл-дабл од 16 поени и 10 скока, Чековски реализираше 15 поени, додека Мираковски беше стрелец на 12 поени за Работнички. Кај Блокотехна најефикасни беа Главчев и Бенџамин со по 12 поени, пред Боувен и Мијатовиќ со по 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА