Денешната ждрепка во Швајцарија му беше наклонета на тимот на Работнички, кој за противник во првото квалификациско коло од Лигата на Европа ќе се сретне со Тре Пене од Сан Марино. „Романтичарите“ ќе имаат солиден ривал и доколку се пласираат во втората рунда, бидејќи таму ќе ги очекува подобриот од двомечот меѓу Динамо Минск и Рунавик. Белорускиот претставник е голем фаворит во пресметката со екипата од Фарските Острови, но јасно е дека во ситуација кога можеше да налета на многу посилни противници, раководстовото на Работнички е задоволно што битка за следното квалификациско коло ќе води против Динамо (или во случај на сензација против Рунавик).
Шкендија во случај на триумф во двомечот против Дачиа во следната рунда најверојатно ќе се сретне со финскиот состав Хелсинки. Екс-шампионот на Финска важи за голем фаворит во својот двомеч од првата рунда од квалификациите, во кои Хелсинки ќе се сретне со Конан квеј номадс од Велс.
Пелистер ќе ја има најтешката задача во првото коло, со оглед на двомечот со полскиот Лех, но во случај на изненадување битолчани би имале полесен ривал во втората рунда, каде ќе се сретнат со подобриот од мечот Хаугесунд (Норвешка) – Колерен (Северна Ирска).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА