Работнички убедливо го победи второлигашот Борец со 0-3 на пријателскиот натпревар што се одигра денеска во Велес. Ова беше прва проверка на формата за „романтичарите“ во текот на зимските подготовки, а тренерот Горан Станковски, кој им даде можност за настап на сите фудбалери.
Новото засилување Никола Шаркоски го постигна првиот погодок на овој меч, воедно и негов прв во дресот на Работнички, по доаѓањето од Победа оваа зима. До крајот на првиот дел во листата на стрелците се запиша и Бојан Миовски. Во второто полувреме и Марио Станковски ја затресе листата на Борец.
Тимот на Работнички утре заминува на подготовки во Анталија, а шефот на стручниот штаб Горан Станковски ќе поведе 22 фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА