Работнички подобар од Гостивар на тестот во Скопје

Работнички го победи Гостивар на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра на стадионот на Алумина во Скопје.

„Романтичарите“ славеа со 2-1 во натпревар во кој сите три погодоци паднаа во второто полувреме.

Најпрво Работнички поведе со 2-0 со головите на Мирнел Хуриќ во 66. минута и во 90. минута, а Гостивар успеа да го ублажи поразот за конечни 2-1 со голот од пенал на Огузхан во втората минута од судиското продолжение.

Се вчитува...