Македонскиот прволигаш Работнички ја совлада Хата, тимот од Дубаи што го предводи Ѓоко Хаџиевски, со 2-0 на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот “Борис Трајковски” во Маџари.
Кире Маркоски беше стрелец на првиот гол за Работнички во 32.минута, кога по убава акција шутираше прецизно во долниот лев агол на противничкиот голман.
Во вториот дел, младиот Миовски го постигна вториот погодок за Работнички, откако во 74.минута прецизно шутираше со удар со глава по проигрување на Кадриу.
За Работнички ова беше “генералка” пред стартот на новата сезона во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА