Работнички подобар од Кожув, Феникс славеше над Шкупи

Кошаркарите на Работнички го добија натпреварот со Кожув и ја потврдија добрата форма во Првата кошаркарска лига. Работнички како домаќин славеше триумф од 90-80, а победата ја реши по само три четвртини.

Откако ги доби прата (19-15) и втората (25-22), Работнички замина со предност од 11 разлика на полувреме, а до крајот на третиот период имаше предност и од 20 разлика, за да дозволи последниот дел да го добијат гостите (18-24).

Колев од Кожув со 22 поени беше најефикасен на средбата, а Стефановиќ постигна 29 поени. Кај Работнички најефиксен беше Ефремовски кој запиша дабл-дабл, со 19 поени и 10 скокови.

Во вториот меч, Феникс успеа да триумфира на гостувањето кај Шкупи со 85-81 благодарение на одличната игра во последниот период. Иако домашните заминаа со предност пред последниот период, па на почетокот од него имаа и шест поени предност, сепак, на крајот гостите се издигнаа како „Феникс“ и на крајот славеа триумф.

Митревски кај Феникс беше најефикасен со 24 поени, додека Сила кај Шкупи постигна 22.

Се вчитува...