Работнички подобар од Крупа во „генералката“: Најденов донесе пресврт

Работнички го совлада босанскиот прволигаш Крупа со 2-1 во „генералката“ пред стартот на пролетниот дел од првенство на Македонија. Овој пријателски натпревар се одигра на теренот со вештачка трева „Македонски лавови“ во Ѓорче Петров, а „романтичарите“ стигнаа до пресврт со двата гола на Бојан Најденов.

IMG_4737

Првиот дел заврши со предност за Крупа, а стрелец на погодокот за босанскиот состав беше Љубеновиќ.

Во вториот дел, Најденов израмни со успешно реализиран пенал, а потоа и постигна прекрасен погодок од слободен удар за триумф на Работнички од 2-1.

IMG_4679

Најновото засилување на „романтичарите“, Ванче Шиков, не настапи на овој тест меч, а тренерот Виктор Треневски им даде шанса за настап на поголем број фудбалери.

Работнички следната недела ќе и гостува на Македонија ЃП во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...