Младинската репрезентација на Македонија претрпе пораз на денешниот тест-натпревар против Работнички, што заврши со триумф на прволигашот од 0-2. Селекторот Боби Милевски организира селективен камп, користејќи го овој меч за да им даде шанса на младите фудбалери да ги покажат своите квалитети и а се изборат за место во националниот тим за наредните квалификациски средби.
На крајот сепак триумфираа „романтичарите“, и тоа со головите што ги постигнаа Асани во првото и Ангелов во второто полувреме.
Македонија настапи со следните единаесетмина: Божинвски, Костов, Етеми, Ајрулаху, Садики, Нсомбо, Стојановиќ, Аломеровиќ, Лазаров, Крстовски, Амери и Крстовски, додека во второто полувреме во игра влегоа уште и Кривањева, Јанков, Крстиќ, Атанаскоски, Далипи, Мишов, Велиновски, Илиќ и Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА