Работнички подобар од Тетекс во контролата одиграна во Скопје, Струга ТЛ ја совлада Велешта

Дел од македонските фудбалски клубови ја искористуваат репрезентативната пауза како би ја темпирале формата за продолжението на обврските во домашните шампионати.

Работнички го победи Тетекс со 4-0 на денешниот пријателски натпревар во Скопје. Стрелци на головите беа Кристијан Стојкоски во 40., Рафаел Гоес во 51., Бујар Хајдари во 76. и Ебрима Бџие во 79. минута од мечот.

Струга Трим и Лум исто така во пријателски натпревар славеше над Велешта со 3-2.

 

 

Се вчитува...