Работнички покажа заби, но МЗТ е класа во мак-баскетот (фотогалерија)

МЗТ Скопје е првиот финалист во кошаркарскиот плејоф откако аеродромци направија уште еден чекор до толку посакуваната десетта шампионска титула, славејќи на гостувањето против Работнички.

„Центарци“ покажаа значаен напредок во однос на лани, му покажаа и заби на актуелниот првак, но МЗТ сепак демонстрираше и квалитет и искуство, да одигра најдобро кога е најважно, па со супериорна игра во последните десет минути да стигне до посакуваната гостинска победа.

На ред пред МЗТ е големото финале, во кое без разлика дали ќе се сретнат со Пелистер или со ТФТ аеродромци ќе ја имаат улогата на фаворити. А на тие натпревари дефинитивно ќе мора и да ја кренат играта на едно повисоко ниво, да не доаѓа до осцилации како на овие два меча со Работнички.

 

Се вчитува...