Работнички поразен од Ал Етифак

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички загуби од Ал Етифак од Саудиска Арабија со 0-4 како дел од подготовките за новата сезона во ПМФЛ.

Клубот предводен од легендарниот Стивен Џерард лесно го реши победникот на овој меч уште со два гола во првото полувреме и двата дело на Куазон.

На 0-3 зголеми Витиња од пенал во 50. минута, додека конечните 0-4 ги постави Дембеле во 86. минута.

Се вчитува...