Работнички поразен од Балкани на генералната проба

Екипата на Работнички претрпе пораз и од Балкани со 0-2 на генералната проба пред европските настапи. „Романтичарите“ со тоа ја завршија серијата на пријателски летово без ниту една победа, со две ремија против Силекс, и порази од Партизани Тирана и од Балкани.

Победникот денеска беше решен по само 23 минути. Најпрво Толај во 8. минута го донесе косовскиот тим во предност, за во 23. минута Диене зголеми на 0-2, што беше конечен резултат.

Со тоа Работнички ги завршува подготовките во Охрид, и се враќа во Скопје. Првиот меч против Торпедо Жодино е на 10. јуни на гостински терен со почеток во 20:00 часот.

Се вчитува...