Работнички денеска одигра неофицијален тренинг натпревар против украинскиот тим Олимпик Доњецк во Анталија и загуби со 2-1. „Романтичарите“ примиле гол во последните моменти од дуелот и загубиле, а тренинг натпреварот по меѓусебен договор се играл 2 х 40 минути.
Олимпик Доњецк дошол во водство во 60.минута, Најденов во 80.минута израмни на 1-1 од слободен удар, но веќе во следниот напад Олимпик Доњецк постигнал погодок за триумф од 2-1.
Тренерот Виктор Треневски на овој меч претежно им дал можност за настап на фудбалерите кои досега имале помала минутажа на досегашните пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА