Работнички потпиша и со Босанецот Сикираш

Работнички продолжува со потписите на нови кошаркари за наредната сезона откако „центарци“ по Михаило Јовичиќ и Весли Персон, денеска го официјализираа и третиот трансфер потпишувајќи договор со босанскиот интернационалец Његош Сикираш.

Станува збор за кошаркар висок 205 сантиметри кој треба да помогне во борбата под обрачите. Сикираш доаѓа од редовите на словенечкиот прволигаш Рогашка, а во кариерата има настапувано и за Борац Бања Лука, Фуенлабрада, како и за второлигашки екипи во Франција и во Шпанија.

„Црвено-белите“ се надеваат дека во новата сезона ќе имаат поголеми успеси откако во претходната, откако и покрај значителниот буџет не успеаја да стигнат до финале ниту во плејофот ниту во Купот на Македонија.

Воедно, Работнички сезонава се враќа назад и на регионалната сцена, и тоа како дел од АБА2-лигата, како трет претставник на мак-баскетот во ова натпреварување заедно со МЗТ Скопје и со Пелистер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IstBasketMk (@istbasketmk)

Се вчитува...