Работнички потпиша со Американецот Крафорд

Управата на Работнички продолжува со екипирање на ростерот за наредната натпреварувачка сезона, во која „центарци“ веќе го договорија и второто странско засилување.

По ангажманот на Црногорецот Мариновиќ, „центарци“ вечерва постигнаа договор и за соработка со Американецот И-Џеј Крафорд. Станува збор за кошаркар кој настапува на позициите два и три, а кој во САД настапуваше за универзитетот Иона, каде е шести најдобри стрелец во историјата на кошаркарскиот тим на овој универзитет.

Ланската сезона ја мина во тимот на Гвајнабо во Порторико, каде новиот кошаркар на Работнички имаше просек од осум поени и два скока по натпревар.

Се вчитува...