Работнички повторно ќе игра без публика, ТФТ доби казна поради тепачка меѓу свои кошаркари

Кошаркарската федерација на Македонија изрече казни за повеќе екипи и играчи поради недисциплина во 14. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

ТФТ и Работнички минаа најлошо, и за натпреварите со Кожув, односно МЗТ Скопје, беа казнети поради инциденти.

ТФТ ќе плати казна од 87.400 денари поради три причини. 80.000 денари тимот од Тафталиџе ќе плати поради четири технички грешки, и тепачка меѓу двајца свои соиграчи: Едис Нури и Дејвид Хотон, кои се степале во финишот на натпреварот. Иван Сапунџиев доби казна од 6400 денари, додека Говенс беше казнет со 1000 денари.

Работнички исто така е казнет, но со поблага казна. Тимот од Дебар Маало ќе плати казна од 53.600 денари и тоа: 9600 денари за две технички грешки на Ефремовски, 16.000 денари за фрлање пиротехнички средства на терен, 8000 денари за неспортско и навредливо навиваењ, 20.000 денари за прекин подолг од пет минути, предизвика од навивачи. Покрај сето тоа, повторно е суспендиран теренот на Работнички, и тимот следниот меч ќе го игра без публика.

Казна и за МЗТ Скопје кој ќе треба да плати 30.000 денари, Кожув 15.400 денари, Вардар 10.600 денари…

Се вчитува...