Работнички пред потпис со Црногорецот Мариновиќ

Работнички работи интензивно на доведување на странски засилувања, а прв потпис на договорот со „центарци“ би требало да стави црногорскиот интернационалец Ѓорѓе Мариновиќ.

Станува збор за 21-годишен кошаркар кој настапува на позицијата крилен центар, а кариерата ја почна во младинската школа на Будуќност. Мариновиќ во последните две сезони настапуваше во шпанската четврта лига, лани беше дел од тимот на Ла Леонеса, каде имаше просек од 13,9 поени и 6,2 скокови по натпревар.

Тој во изминатите денови тренираше со „центарци“ и веќе е извесен потписот на соработката, кој треба да биде официјализиран во текот на денешниот ден.

Работнички претходно го потпиша и центарот Леонид Тодоровски од Академија ФМП, а нови договори ќе бидат потпишани со најдобрите млади кошаркари кои воедно се и членови на М18 репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...