Екипата на Работнички ги дозна своите противници при камбекот во европските натпреварувања и учеството во Еврокупот на ФИБА што ќе стартува претстојната есен. Како што е познато, тимот на Марин Докузовски ја имаше улогата на носител на денешниот ждреб во Минхен, каде за противник во првото квалификациско коло го доби рускиот прволигаш Парма.
Станува збор за еден од противниците што беше најмалку посакуван од страна на Марин Докузовски и челниците на Работнички, поради фактот дека противникот има квалитетен ростер, но и македонскиот тим ќе го очекува долго патување до далечна земја.
Првиот натпревар ќе се игра во Русија на 20 септември, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Веднаш беше извршен и ждребот за втората рунда, па доколку Работнички ја мине Парма за следен ривал ќе го има францускиот прволигаш Ле Портел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА