Работнички му го нанесе првиот пораз на Бутел во годинашниот шампионат, откако го совлада на домашен терен со 21-23. Во првото полувреме се играше гол за гол, а гостите на пауза заминаа со минимална предност од 11-12.
Работнички продолжи со одлична игра во второто полувреме, во кое во текот на сите 30. минути го контролираа резултатот и на крај стигнаа до триумф од 21-23. Печенковски и Георгиевски постигнаа по четири гола во победничкиот табор, додека кај поразените Ончев и Крстевски постигнаа по шест гола.
Во првиот меч од денешната програма Тиквеш без поголеми проблеми го совлада Младост Богданци со 32-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА