Кошаркарите на Работнички дојдоа, се чини, до рутинска победа во првиот натпревар од вториот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига.
На стартот од новата кошаркарска година Работнички со 84-70 славеше против Чаир во 14. коло од првенството.
Уште низ првата четвртина која домашните ја добија со 25-18 беше јасно дека тимот од Градски парк е решен да дојде до бодовите. Во продолжениото без поголеми проблеми ја одржуваа и зголемуваа предноста, за да противникот е конечно скршен во последната четвртина која Работнички ја доби со 19-14, и конечен триумф од 84-70.
Извонреден во победата на Работнички беше Рикиќ со 14 поени и 14 скока, а Декоси заврши со 18 постигнати поени. Кај Чаир се издвои Роби со 24 поени и пет асистенции.
Еуроникел, пак, дојде до убедлива победа против Гостивар од 97-85.
Домашните од самиот почеток на мечот презедоа водство кое го одржуваат до крај за конечна победа. Смит Меквен го предводеше Еуроникел до победата со 26 поени и шест скока, а Глигоријевиќ заврши со 21 постигнат поен. На Гостивар не му помогна ниту Инграм кој беше беспрекорен со 29 поени и 8 скока.
Со оваа победа, Работнички сега има 10 победи, наспроти и четири порази, за делба на третата позиција на табелата колку и Пелистер. МЗТ Скопје е прв со 12 победи и сега два порази, а втор е Еуроникел со 11 победи и три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА